Пон–Саб 07.00–23.00 · Недела — неработен ден
ОБ
ОЛИМПИСКИ БАЗЕН
Центар · Скопје
Цени и термини →
Вода и информации

Кристално чиста вода

Водата е најважниот елемент во пливањето и пливачките спортови. Не постои базен во којшто се води поголема грижа за водата — а причините се следните:

НЕДЕЛНО ТЕСТИРАЊЕ

Водата е комплетно тестирана за физичка, хемиска и бактериолошка исправност од Центарот за јавно здравје — Скопје, на неделна база, без исклучок.

Лого на Центар за јавно здравје

Лого на Центарот за јавно здравје

24/7 ЕЛЕКТРОНСКА ФИЛТРАЦИЈА

Олимпискиот базен е единствен во државата кадешто водата се филтрира 24/7, целосно електронски и без прекин, за да се обезбеди здрава околина за пливање. Просториите се чистат со „green“ средства коишто не содржат токсични материи.

Дел од контролните станици

Дел од контролните станици

КОНСТАНТНИ 26°C

Температурата е согласно олимписките норми — константна температура од 26 Целзиусови степени, проверувана на кратки временски интервали.

Контролна станица за температура
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ПОДВОДНИ РОБОТИ

Чистењето на површината на водата се одвива секојдневно, без исклучок, со израелски роботи специјализирани за чистење — подот не смее да биде нечист, бидејќи истиот често е извор на инфекции, а ние не смееме да го дозволиме тоа.

Еден од подните чистачи

Еден од подните чистачи

Кристално чиста вода во базенот

Резултатот е кристално чистата вода

…и нашето задоволство дека вие пливате и спортувате во здрава околина.

Куќен ред

Кликнете на страницата за зголемување.

Галерија со фотографии → Facebook фан-страна