Дадете му шанса на вашето дете — тоа ја заслужува!
Бројните медицински студии покажуваат дека пливањето е спортот којшто овозможува најдобар психофизички развој и социјализација за децата. Во Олимпискиот базен „Центар“ работат клубови со над 25-годишно искуство во пливачките спортови, со дипломирани професори за физичка култура и педијатрија, селектори на Македонската пливачка репрезентација.
Сите клубови коишто работат на базенот се докажани во својата професија:
Паркингот пред базенот е слободен за целиот период на спортски клубови и пливачки школи (од 16.00 до 20.30) — само треба да ја прикажете вашата или картичката на вашето дете на влезот на паркингот, и истиот ќе ви биде овозможен бесплатно.
Во недела паркингот е слободен цел ден.
Зошто да тренирам на Олимписки?
Единствен базен во којшто водата се филтрира 24/7 електронски.
Единствен базен во којшто подовите се чистат на дневно ниво со специјализирани подводни роботи.
Единствен базен со тестирање за хемиска и техничка исправност на водата секоја недела, од Центарот за јавно здравје — Скопје.
Единствен базен со олимписки димензии.
Единствен базен во којшто тренираат и работат повеќе клубови.
Единствен базен со склоп на повеќе профили на кадри: професори, дипломирани педијатри, професори по физичка култура.