Пон–Саб 07.00–23.00 · Недела — неработен ден
Сертифициран зелен објект Сертифициран „зелен“ објект (02) 3162-958
ОБ
ОЛИМПИСКИ БАЗЕН
Центар · Скопје
Цени и термини →
Олимписки базен Центар
Спортот број 1 за овие времиња

ОЛИМПИСКИ БАЗЕН
„ЦЕНТАР“

Најдолго искуство и најдобри услови во пливачките спортови, рекреација, школи за пливање и пливачки клубови — најдоброто место за спорт и рекреација во Скопје.

50 м
Олимписки димензии — и на големиот и на малиот базен
26°C
Константна температура според олимписките норми
24/7
Целосно електронска филтрација на водата, без прекин
1× неделно
Тестирање на водата од Центарот за јавно здравје — Скопје
За базенот

Најдобри услови за вашето спортување

Олимпискиот базен „Центар“ има 24/7 целосно електронска филтрација на вода, контролирана од Центарот за јавно здравје — Скопје, највисок степен на хигиена согласно ЕУ стандардите, двојна изолација, константна температура, подно греење и севкупно најдобри услови за вашето спортување — па ваше е да имате желба да спортувате.

Ви го претставуваме пливањето — денеска најпрепорачуваниот спорт во светските трендови за спорт и рекреација, како и за ослободување од секојдневниот стрес и мускулна релаксација, според Светската здравствена организација.

Пливање во Олимписки базен Центар
Единствен со олимписки димензии во државата
Зошто пливање

Бројните медицински истражувања — без ниту еден исклучок

01 · КАРДИОВАСКУЛАРЕН СИСТЕМ И КИЧМЕН СТОЛБ

Пливањето го подобрува здравјето и физичката кондиција преку кардиоваскуларниот систем, ја подобрува целата мускулатура — особено вретенестите мускули — со позитивно влијание врз кичмениот столб (discus hernia, ишијас, спондилоза), голем проблем денес поради долгото седење пред компјутер или ТВ.

02 · РАЗВОЈ КАЈ ДЕЦАТА

Според Светската здравствена организација, овој спорт е најважен кај развојот на децата — значајно го поддржува развитокот и јакнењето на срцевиот мускул и го зголемува капацитетот на плуќата, во време во кое се гушиме од нечист воздух.

03 · КОНЦЕНТРАЦИЈА И РЕЛАКСАЦИЈА

Според истражувањата на американските здравствени институции, пливањето има огромно влијание врз концентрацијата — додека пливате се овозможува мир и неоптоварување на мозокот, за подоцна истиот да биде порелаксиран и да функционира подобро.

04 · РЕГЕНЕРАЦИЈА НА МУСКУЛИТЕ

Водата овозможува природен притисок врз реплицирањето на природните човечки движења, што го помага обновувањето на врзувните влакна на мускулите.

Единствениот базен во државата со технолошка и хемиска исправност на водата, проверувана СЕКОЈА НЕДЕЛА

Проверките ги врши Центарот за јавно здравје — Скопје. Двата базена — и големиот и малиот — се со олимписки димензии.

За безбедноста на рекреативните посетители се грижат спасители и инструктори за безбедност на вода при Секторот за безбедност на вода на Црвениот крст на Р.С. Македонија — меродавна институција од таа област.

Тренинг во базенот
Моменти од базенот

Спортски поздрав!

Целата галерија →

Следете ги сите новини на нашата Facebook фан-страна →